Актуелно01-10-2010
Панел дискусија: Царинското работење во Република Македонија
Македонско-Германското стопанско здружение на 02. декември 2010 за своите членови организира панел дискусија на тема: Царинското работење во Р. Македонија.
Целта на овој работен ручек беше да се слушнат проблемите на стопанствениците, со кои се соочуваат во своето работење околу царинските процедури, можности за царински олеснувања и новините во работењето но и со кои реформи ќе треба да се соочат стопанствениците на патот кој треба да го изоди Македонија до ЕУ.
Гости-говорници на панел-дискусијата се претствници од шпедициите Логвин, Трајан Ангелов шпедицијата Шенкер, Наташа Игњатова, Перо Јакомовски, генерален застапник на Маккар BMW, воедно и компанија Натусана, Александар Донев.
Ова се поспецифични бранши, кои подлежат на посебни царински процедури.
Гостин- говорник од Царинската Управа е Ѓорѓи Наумовски, советник на директорот на Царина, Каргов.
Маккар е првата фирма која доби дозвола за царинење по скратена постапка и прва фирма во Македонија која доби дозвола да има Царински Склад од тип Е. Бидејќи бевме пилот проект на Царинската Управа би можел да кажам дека воглавно нашите искуства во соработката се позитивни со мала задршка дека би можело процедурите за одредени одобренија да бидат побрзи односно поскратени. Особено во делот со банкарските гаранции, кога за секоја постапка е потребна посебна банкарска гаранција. Собирањето на сите документи трае по еден месец—изјави Перо Јакомовски од Маккар BMW.
Во врска со банкарските гаранции би можело да се направи една генерална гаранција за олеснување на целата процедура посочи Николај Бекерс, претседател на Македонско-Германското стопнско здружение.
Одобренијата за поедноставни царински постапки се издаваат во царинарници на местото каде што се наоѓа фирмата, има комисија која е задолжена за издавање на одобренијата и доколку фирмата нема направено царински прекршоци или пак проблеми со неплатен данок може да добие одобрение- изјави Ѓорѓи Наумовски.
Александар Донев од Натусана посочи дека дека при правење на ненамерна грешка, на пр. во давање податок околку количината на робата која се увезува и компанијата самата го пријави настанатиот пропуст компаниите се казнуваат многу строго.
Стопанствениците побараа од царината и поголема флексибилност во однос со работното време, тие побараа од царината да работи и после 16.00ч. и за време на викендите во исклучително итни ситуации. Во секој случај заклучија стопнственицте дека трендот на подобрување на услуги на царината е во подем.
Со влезот на РМ во ЕУ ќе дојде до пад на границите со што ќе се олесни работењето на стопанствениците во одснос на Царината, голем дел од документите за увоз односно извоз ќе одпаднат - заклучи Михаел Шмидт, директор на Германското стопанство во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово.
Галерија
|