Deutsch-Mazedonische Wirtschaftsvereinigung

Македонско-Германско стопанско здружение

Contact Image

Repräsentanz der
Deutschen Wirtschaft
Guro Gakovik 65
1000 Skopje
Mazedonien

Tel.: +389 2 3296 785
Fax: +389 2 3296 790
E-Mail: info@ahk.mk

 

БМВ инвестира над 400 милјони евра во развојот на електрични автомобили

16-12-2010


 

Производителот на автомобили БМВ се грижи за природата: Од 2013 година компанијата во својата  фабрика во Лајпциг ќе произведува возила кои не испуштаат издувни гасови.

Електричните автомобили се возила на иднината. Ова е мислењето на произведувачот на автомобили од Минхен БМВ. За производството на новоразвиениот електричнен автомобил "Megacity Vehicle", копанијата ја проширува својата фабрика во Лајпциг.

Од 2013 година таму треба да бидат произведени автомобили кои не испуштаат издувни гасови, а кои ќе бидат со лесна пластична каросерија. До тогаш, компанијата сака да инвестира околу 400 милиони евра во фабриката во Лајпциг и да создаде 800 нови работни места.

Со  "Megacity Vehicle", БМВ сака да претстави еден сосема нов автомобил. Основата на каросеријата која ќе биде изработена од карбонски влакна потекнува од САД и е многу полесна во споредба со алуминиум или челик. Овој материјал ќе биде понатаму обработуван во Вакерсдорф и Ландсхут. Е-автомобилот потоа ќе биде монтиран во Лајпциг. Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 530 милјони евра. Уште не се знае колку ќе чини новиот Е-автомобил.

И конкуренцијата ќе произведува Е-автомобили

При прославата по повод почеток на доградбата на фабриката во Лајпциг, Шефот на БМВ, Норберт Рајтхофер, изјави дека Лајпциг ќе биде важен центар на компетенција за Е-автомобили. Се одлучиле за Лајпциг бидејќе се работи за најновата и најмодерната фабрика на БМВ со флексибилни структури.

И конкуренцијата од Дајмлер и Ауди во скоро време сака да поризведува електрични автомобили. Дајмлер момнтално ја тестира втората генерација на Е-Смарт. Во поголеми бројки овој градски автомобил на струја ќе биде достапен за клиентите од 2012 година.

Од октомври 2010 е планирано производството на електрична верзија на Мерцедес-Бенц А-класа во Раштат. И Ауди сака да го произведува спортскиот автомобил Е-трон до крајот на 2012, но во помал број.