Подвиг во Германија За Меркел целосна вработеност е можна 16-12-2010
Ангела Меркел се раковоси според принципот „Работа за сите“, целосна вработеност за канцеларката не е утопија. За да се достигне таа цел, Владата треба да се грижи за проблемагтичните групи како што се долгогодишните невработени.
Сојузната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) по брзото заздравување на германската економија, очекува подолг период на пораст. „Убедена сум дека петте економски експерти ќе предвидат стабилна фаза на раст во идните години“, изјави канцеларката.
За Меркел е можно да се постигне целосно вработување во Германија. „Сакам да и се доближам на таа цел чекор по чекор“, изјави Меркел за магазинот “Фокус“ од Минхен. Таквата цел воопшто не била утопија. „Има над два милиони луѓе кои се работноспособни, но добиваат поддршка од агенцијата за вработување. Мораме и можеме на тие луѓе да им обезбедиме работа, изјави таа. „Тоа им помага на сите. Зато што од државниот буџет само за невработените се излеваат околу 40 милјарди евра.“
Програма за проблематични групи
Меркел најави дека нејзината влада ќе се грижи за проблематичните групи на долгогодишните невработени како што се самохраните родители, младите со миграциска позадина и постари лица. „Ако некој и се противи на понудата, мора да ги спроведеме санкциите конзеквенто. Но секој треба да ја добие шансата нешто да постигне“, вели сојузната канцеларка.
И покрај својата оптимистичка претопставка за пазарот на трудот, сојузната канцеларка сè уште мисли дека финансиската криза не е целосно надмината. „Го надминавме најлошото, но сепак не може да се говори за стабилна светска економска ситуација.“ „Стабилна се чини ситуацијата во Азија но во САД и во ЕУ сè уште има големи проблеми.“ На Европа и е потребна сериозна култура на стабилизација. Тоа е предуслов за сигурно евро.
Пред да се започне со намалување на даноците, сојузната канцеларка ѝ дава предност на консолидацијата на државните финансии. „2010 година е многу подобра од што се очекуваше“, изјави Меркел за „Фокус“. Но на крајот повторно имаме ново задолжување во висина од 50 милјарди евра. Даночни ослободувања сè уште не се можни поради овие бројки. „2012 во сојузот ќе имаме пет милјарди помалку даночни приходи во споредба со 2008 година. Сега ќе започнеме со поедноставување на даночниот систем.“
(Шпигел)
|