Стопанско заздравување—Претпријатијата плаќаат повисоки даноци 16-12-2010
Економијата цвета, фирмите заработуваат повеќе—и ќе треба да плаќаат поголеми даноци. Само кај данокот за промет можно е за две години да се достигне рекордниот износ од 2008 година.
Приходите од даноци растат побрзо од очекуваното—а и претпријатијата повторно поактивно учествуваат во финансирањето на државата. Најважните даноци за фирмите во оваа и во следната година ќе се зголемат како последица на силниот економски подвиг.
Така персоналниот данок кој треба да се плаќа од страна на капиталните друштва според даночните проценувачи ќе придонесе приходот да се зголеми за 40% во споредба со претходната година. За 2011 се очекува и пораст од околу 30% а за 2012 година од 22%.
Експертите исто така очекуваат зголемување кај данокот за промет кој им се доделува на општините, иако ова зголемување ќе биде едноцифрено. Приходот од тоа во 2010 година ќе се зголеми за 6,6%, во 2011 година за 9,8% а во 2012 година за 8%. Така данокот за промет во 2011 година ќе го достигне рекордното ниво од 2008 година. Пред две години приходите изнесуваа 41 милиони евра.
Проценката која штотуку е завршена, за годината што е во тек и за идните две години предвидува дека приходите од даноци за сојузот, покраините и општините, ќе изнесуваат 61 милјарди евра.
|