Deutsch-Mazedonische Wirtschaftsvereinigung

Македонско-Германско стопанско здружение

Contact Image

Repräsentanz der
Deutschen Wirtschaft
Guro Gakovik 65
1000 Skopje
Mazedonien

Tel.: +389 2 3296 785
Fax: +389 2 3296 790
E-Mail: info@ahk.mk

 

Напредокот и слабостите нотирани на економски план

16-12-2010


 

Невработеноста, бавните процедури, нестабилни договори, без видлив напредок во антимонополската политика. Eве кои се клучните забелешки во извештајот што се однесуваат на економијата:

- невработеноста останува на многу високо ниво од 32,2 % и во 2010-та продолжува да расте - најмногу меѓу младите и помалку образованите. Вработувањата во јавната администрација имаат негативен ефект на пазарот на работна сила.

- негативен ефект на бизнис-амбиентот има и непримената на Законите, особено во судството, што се карактеризира со бавни процедури, нестабилни договори и корупцијата.

- нема видлив прогрес во антимонополската политика,

- ограничен прогрес во областа на монетарната политика. Неусогласеност меѓу статистиката на Централната банка и на Заводот за статистиката.

- скромен напредок има на полето на економската политика. Иако макроекономскиот и фискалниот план се оптимистички во однос на очекуваниот напредок, сепак целите не се целосно во согласност со приоритетите на политиката поврзана со приемот.

- мал прогрес во социјалниот дијалог меѓу власта и синдикатите.

- не е усвоен законот за енергетика, одреден напредок во внатрешниот енергетски пазар, има.

Според Европската комисија, решението на владата да не се даночи добивката доколку се реинвестира во земјава, создава дискриминаторски однос кон странски акционери, што одлучуваат да ја поделат дивидендата.

Напредок, Комисијата утврдува во следниве сегменти:

- монетарната и трговската политика остануваат стабилно ориентирани.

- макроекономската стабилност е задржана и покрај негативните ефекти на глобалниот финансиски пазар.

- државните интервенции беа побројни споредено со минатите години, иако влијанието на државата врз конкурентноста останува ниско.

- добар прогрес има во сферата на бизнис-правото. Донесени се Закони со европски стандарди, кои ќе бидат применливи откако земјата ќе стане членка на ЕУ. На полето на бизнис-правото земјата е на добра пат.

- значителен прогрес има кај во областа на заштита на индустриските и авторските права.

Поголем прогрес има кај банките и финансиските институции. Останува добрата соработка меѓу Народната банка и супервизијата од оние земји кои поседуваат банки во Македонија, вклучувајќи ја и Грција.

Според овој извештај на ЕУ-клучни предизвици за македонската економија остануваат битката со сиромаштијата и невработеноста, но и применета на законите што се клуни за инвеститорите.