Преквалификација за тендерите за автопатишта во Македонија: пет конзорциуми избрани / понудите се очекуваат за почетокот на 2011 година 16-12-2010

Скопје (gtai) - Планираното давање под концесија за изградба и одржување на делови на автопатот на паневропскиот сообрќаен коридор 8 во Македонија ја достигна следната фаза. Претквалификацијата за тендерот за давање под концесија заврши во средината на ноември. За следниот дел на постапката од македонската Влада беа избрани 5 компании односно конзорциуми.
За следната фаза од тендерот за издавање на концесија за автопатиштата на делници од паневропскиот сообраќаен коридор 8 кој ја поврзува Македонија со Албанија и Бугарија според изјава од владата се квалифицирале два австриски конзорциуми, меѓу кои конзорциумот Штрабаг (Австрија) и Гранит (Македонија) како и Алпине Бау заедно со Лимак (Турција) и Сома Ентерпрајс (Индија).
Понатаму се квалифицираа израелсо-португалската групација Шикун Бинуи и Групо да Коста, француско-унгарскиот конзорциум Бујже Траво, ДТП Терасмон и Интертол Јуроп. Првата скала ја помина исто така и грчката компанија Актор Концесии. Сите пет учесници можеа да ја подигнат тендерската документација до крајот на ноември 2010. Се очекува дека првите понуди веќе ќе бидат доставени во првиот квартал 2011.
Тендерот ќе биде објавен за две групи делници. Според медиумски информации првата делница која се протега од север кон југ ќе биде долга 177,5 км а втората делница која се протега од исток кон запад ќе биде голга 196 км. Се претпоставува дека трошоците за изградба ќе изнесуваат 434 милјони односно 559 милјони евра.
Делниците за кои е распишан тендерот треба да бидат завршени во рок од седум години откако ќе биде потпишен договорот за концесија. Договорот ке важи 35 години. (В.Л.)
|