Deutsch-Mazedonische Wirtschaftsvereinigung

Македонско-Германско стопанско здружение

Contact Image

Repräsentanz der
Deutschen Wirtschaft
Guro Gakovik 65
1000 Skopje
Mazedonien

Tel.: +389 2 3296 785
Fax: +389 2 3296 790
E-Mail: info@ahk.mk

 

Растат трошоците за живот, можно е ново поскапување на храната

16-12-2010


 

Цените растат, потрошувачката се намалува. Супермаркетите ги потврдуваат податоците на државната статистика, која објави дека цените на стоките и услугите во октомври пораснале за 2,3 отсто во однос на истиот период лани.

Поскапувањата удираат по џебот на граѓаните и влијаат врз продажбата.

Поради постојаното зголемување на цените, а намалената куповна моќ на граѓаните, потрошувачите се откажуваат од скапи производи. Се купуваат само основните артикли.

Песимистички се и очекувањата. Голем број од фирмите веќе најавиле уште посолени цени за нивните производи во периодот што доаѓа.

Најпоскапени се најпотребните производи, велат од маркетите. За 3 до 5% скокнале цените на производите кои што содржат брашно, а во следните 15 дена се очекува пораст и на цената на шеќерот.

Според статистичките податоци најмногу се поскапени зеленчукот, јајцата, млекото и млечните производи, овошјето и житариците.

Трошоците за живот во Македонија во последните 12 месеци пораснале за 2,7%. Најскапо се живеело во декември лани, а најевтино во мај годинава.