|

Repräsentanz der Deutschen Wirtschaft Guro Gakovik 65 1000 Skopje Mazedonien
Tel.: +389 2 3296 785 Fax: +389 2 3296 790 E-Mail: info@ahk.mk
|
|
|
Божиќен панаѓур во Скопје 16-12-2010
Германски колбаси, божикни колачи, пиво и варено вино од 25 декември ќе можат да се купат пред влезот на Градскиот трговски центар, каде што ќе бидат поставени девет мали дрвени куќички. Со тоа официјално ќе почне предновогодишната грозница во Скопје.
Организатори на овој настан се град Скопје, Македонски телеком, Т-Мобиле Македонија и Македонско-германското стопанско здружение заедно со поддржувачите на целиот проект - Амбасадата на Германија во Македонија и ЕВН.
Николај Бекерс, извршен директор на Македонски телеком и претседател на Македонско-германското стопанско здружение истакна дека идејата потекнала од традиционалниот германски божикен базар, а ќе биде симбол на успешната соработка помеѓу македонските и германските компании. Германската амбасадорка Улрике Марија Кноц додаде дека во Германија божикните базари се дел од културата и обележје на претпразнична радост, па истата атмосфера ќе ја добие и Скопје, кој патем, е збратимен со германските градови Дрезден и со Нинберг, каде што се организира еден од најпознатите божикни панаѓури ширум светот.
Од Т-Мобиле Македонија, беше информирано дека на новогодишната ноќ скопјани ќе ги забавуваат хрватските пејачи Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ, како и македонските изведувачи Елена Ристеска, Кристина Арнаудова, Ребека, Арбен Шаќири, Сузана Спасовска, Соња Тарчуловска и Гоце Арнаудов.
|
|
|