МИКРОСАМ 16-12-2010
Микросам дизајнира и произведува современи, компјутерски управувани машини со висока технологија за производство на композитни материјали. Тоа се машини за намотување, машини за импрегнирање користејќи термосет и термопластични смоли, машини за полагање на влакна и траки, машини за обработка на композити и соодветна дополнителна опрема и интегрирани производни линии.
Можеме да се пофалиме со испорачани преку 100 производни линии, во повеќе од 25 земји од целиот свет. Присутни сме на пазарите во земјите од Европската Унија, Русија, Кина, Јапонија и во соседните држави. Машините кои компанијата ги произведува се користат во автомобилската индустрија, авионската, вселенската индустрија, индустријата за транспорт на нафта и гас, за транспорт на вода и отпадни води, хемиската индустрија и сл.
Ние развиваме контролен софтвер за нашите машини и софтвер за едитирање и креирање на програми за различни процеси, како и софтверски пакети за offline програмирање за машини за автоматско полагање на влакна и траки (AFP/ATL). Специјализирани сме во производството на современа опрема за истражувачки и развојни центри.
Оваа година на најпрестижниот саем за композити „JEC Paris 2010“ го покажавме своето, досега најголемо технолошко достигнување - Машина наменета за производство на критичните делови на авиони и сателити.
Микросам го основа „Институтот за современи композити и роботика“ чија цел е да изгради соодветна истражувачка инфраструктура, која низ интердисциплинарен пристап ќе ја развива фундаменталната и применета наука во областа на современите композити и роботиката.
Микросам се стреми континуирано да ги усовршува своите способности, разбирајќи дека можностите се бескрајни и дека постигнувањето на висок степен на задоволство кај купувачите може да биде соодветно наградено. Посететене ја нашата веб страна www.mikrosam.com и дојдете и разговорајте со нас, да видиме како можеме да ви помогнеме да го изградите вашиот успех.
МИКРОСАМ АД
|