Deutsch-Mazedonische Wirtschaftsvereinigung

Македонско-Германско стопанско здружение

Contact Image

Repräsentanz der
Deutschen Wirtschaft
Guro Gakovik 65
1000 Skopje
Mazedonien

Tel.: +389 2 3296 785
Fax: +389 2 3296 790
E-Mail: info@ahk.mk

 

TOBACCO  го прослави својот 20ти роденден

16-12-2010


 

На 01.11.2010 година, TOBACCO  го прослави својот 20ти роденден под мотото “20 години пулс на градот”.

 

Приказната за TOBACCO започнува пред 20 години со отворањето на првиот киоск во населбата Аеродром. Денес малопродажната мрежа се состои од 24 ексклузивни Together салони, 21 киоск и дистрибутивна мрежа која опслужува преку 3000 продажни места на целата територија на Р. Македонија.

 

Идејата и визијата на TOBACCO  од самиот почеток е да биде блиску до купувачите, 24 часа, 7 дена во неделата и да ги задоволи нивните секојдневни потреби. “Од отворањето на првиот киоск пред 20 години до денес, нашето функционирање 24/7 ни овозможи непрекинат контакт со купувачите повеќе од 175.000 часа. Посебна сатисфакција за нашето работење се милионите задоволни купувачи кои се заслужни за нашиот успех и поради кои постоиме”, изјави Бошко Јанев, Претседател на Одборот на директори на Тобако АД Скопје.